Изминаа три месеци од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Ана Костадиновска, придружната вокалистка на „ДНК“, која го преживеа пожарот, повторно им оддаде почит на загинатите колеги.
Ќерката на легендарниот македонски музичар и автор Кире Костов е неутешна по смртта на својата најдобра другарка Сара Пројковска за која во повеќе наврати изјави дека ѝ е сродна душа.

Како Ана успеа да се спаси, а Сара да замине во вечноста, кога од снимките се гледа дека на сцената се една до друга?
Кога пожарот избувнал, се фатиле цврсто за рака и почнале да се пробиваат низ толпата. Тоа е последната сцена на која Ана се сеќава. „Да, така беше“, потврди Ана за „Женски магазин“.
Ана, фронтменот Владимир Блажев-Панчо и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените членови на ДНК кои се спасија кобната ноќ.

