Познатиот пејач итно допатува за Жика Јакшиќ: Стравува за животот на водителот

Жика Јакшиќ, водителот на едно од најпознатите шоуа во регионот „Никогаш не е доцна“, е хоспитализиран во Белград поради проблеми со крвните садови.

По немилиот настан се огласи познатиот фолкер Дејан Ќирковиќ Ќира.

„Ќе одам кај мојот пријател Жика, затоа допатував во Србија. Не сме се слушнале, нема телефон. Убеден сум дека ќе биде добро, тој е голем борец“, изјави пејачот.

Тој ќе ја искористи можноста да го посети и гробот на неговиот кумашин Саша Поповиќ кој почина во март оваа година.

„Ќе одам на гробот на Саша, секако. Жал ми е што нема да бидам присутен на финалето на „Ѕвездите на Гранд“, но од друга страна, не ми е жал, бидејќи без него ништо повеќе не е исто. По смртта на Сале не го следам шоуто, ниту одам на снимање.. Се надевам дека натпреварот ќе продолжи, оди добро, не се сомневам, бидејќи е голем бренд и би било штета ако се затвори по толку време. Создадоа големо име и се надевам дека новиот менаџмент ќе го направи тоа како што треба“, вели Ќира.

Следни Објави

Потресен статус за Моника Спасова, мајка на едногодишно бебе која загина во Кочани

За мојата внука Моника.. Внуката што со срце и душа се запиша на факултет за безбедност, внуката што сонуваше за правда и чесна работа. Јас ѝ реков: „Моника, таму нема место за чесни, верувај ми на прсти се бројат чесните, а нечесните се трудат да ги убијат чесните, се’ е […]