Прстите откриваат сериозна болест: Ако ја видите оваа промена, веднаш на лекар

Канцер на бели дробови е еден од најчестите и најтешки видови на карцином, а воочувањето на оваа малигна болест честопати е тешко поради незабележителни симптоми во раните фази на ракот.

Знаците на болеста имаат тенденција да се откриваат само кога ракот е веќе во развиена фаза. Еден од клучните симптоми на рак на белите дробови е отечените врвови на прстите.

Ракот на белите дробови предизвикува лачење на хемикалии и хормони кои го стимулираат посилниот проток на крв во прстите. Ова подоцна доведува до подебели или поголеми врвови на прстите, и сјајни и искривени нокти. Околу 80 проценти од луѓето кои се спротивставуваат на оваа болест имаат симптом на отечени прсти.

– Во раните фази на рак на белите дробови, обично нема симптоми што можете да ги видите или почувствувате – наведува веб-страницата „WebMD“. Симптомите на веќе напреднат карцином вклучуваат кашлица или болка во градите. 

Симптоми на рак на белите дробови:

-Кашлица која не поминува или се влошува

-Кашлање крв

-Болка во градите

-Засипнатост

-Губење на апетит

-Необјаснето губење на тежината

-Отежнато дишење

-Чувство на замор или слабост

-Инфекции како што се бронхитис и пневмонија

-Отечените прсти можат да укажуваат на рак, но исто така и на инфекција на белите дробови или срцето.

Кожата околу ноктите може да изгледа сјајна или ноктите може да се закривуваат повеќе од вообичаено кога се гледаат од страна. Важно е да се обрне внимание на секој можен симптом, бидејќи ракот на белите дробови е еден од најтешките за лекување. Приближно еден од тројца пациенти живее максимум една година по дијагностицирањето, додека еден од 20 живее уште десет години.

Следни Објави

Познатиот пејач итно допатува за Жика Јакшиќ: Стравува за животот на водителот

Жика Јакшиќ, водителот на едно од најпознатите шоуа во регионот „Никогаш не е доцна“, е хоспитализиран во Белград поради проблеми со крвните садови. По немилиот настан се огласи познатиот фолкер Дејан Ќирковиќ Ќира. „Ќе одам кај мојот пријател Жика, затоа допатував во Србија. Не сме се слушнале, нема телефон. Убеден […]