„Го изгубив моето ангелче“: Потресно сведоштво за загинато девојче во Кочани

Дарко Златев е еден од повредените во пожарот во Кочани кој со сериозни изгореници на рацете сега се опоравува по трагедијата.

Тој на социјалните мрежи сподели дека кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ ја изгубил својата внука од сестра.

„Бевме на забава со моите другари во дискотеката и седевме точно кај бината од каде започна пожарот. Кога видов дека веќе се пали плафонот, почнав со мојата вода и со другарите да гасиме. Дојде и газдата на дискотеката со ПП-апарат, почна да гаси, ама тој апарат не беше соодветен. Пејачот на бендот „ДНК“ почна да вика во тој момент да излегуваме еден по еден. Тоа беше толпа на народ. Целиот плафон се запали, бев многу блиску до вратата и се заглавив на самиот излез. Снема струја, многу голем чад имаше, пискаа, викаа сите..

Ги ставив само рацете да не ми изгори главата и веќе се откажав.. Другиот колега го видов како помага на луѓето и тој ме извлече надвор без патики, без алишта. Дојде брза помош, ме однесоа во кочанската болница, ми ставија инфузија.. Сестрите колку можеа помагаа, на некои не можеа и ме однесоа за Скопје. Вечерта ме испратија за Белград, имав трет степен изгореници на десната рака, имав потешкотии со дишењето. На левата рака имам трансплантации на прсти и на дланка, на десната рака имам кожа одземено од сопствените нозе. Се јавив на мојата сестра да прашам како е мојата внука и она ми кажа дека е почината. Бев во депресија, не можев да го прифатам тоа што сум го изгубил. Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви, колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил досега“, раскажува тој.

Следни Објави

„Те убија, мајкино“: Потресна објава на Верица Трифуновска

Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ сподели потресна објава. Таа објави статус сто дена по немилиот настан што ја зави Македонија во црно. „Те убија, мајкино. Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти […]