Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ сподели потресна објава.
Таа објави статус сто дена по немилиот настан што ја зави Македонија во црно.
„Те убија, мајкино. Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, пишува Трифуновска.
„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место. Додека сум жива ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена“, пишува таа.
„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш“, завршува таа.

