Кире Науновски од Свети Николе победи на Фејсбук-гласањето во финалето на музичкото натпреварувачко шоу „Никогаш не е доцна“.
Веднаш по триумфот, тој откри кому му ја посветува победата и за што особено жали во врска со победничката вечер.
„Се чувствувам преубаво. Искрено не го очекував ова, бидејќи сите се навистина добри. Но, им благодарам на сите што гласаа на „Фејсбук“. Сакам искрено да нагласам дека жалам само за едно, а тоа е што човекот поради кој се пријавив не беше тука“, кажа Кире.
Науновски откри за кого станува збор.
„Во моето прво интервју реков дека се пријавив лично поради Жика, и многу ми е жал што тој не беше со нас вечерва. Му посакувам добро здравје“, изјави познатиот Македонец.

Науновски откри и дека сега планира посериозно да ја сфати својата кариера, па можеби дури и да сними песна.
„Секако дека ќе одам во таа насока, бидејќи се занимавам со музика 30 години. Се надевам дека ќе тргнат работите на подобро“, порача тој.

