Не стивнуваат реакциите по финалната епизода на шоуто „Никогаш не е доцна“.
Нашиот Кире Науновски од Свети Николе триумфираше на Фејсбук-гласањето. По победата им се заблагодари на сите кои верувале во него и го дале својот глас.
Науновски и откри за што особено жали во врска со победничката вечер.
„Сакам искрено да нагласам дека жалам само за едно, а тоа е што човекот поради кој се пријавив не беше тука. Сите знаат дека се пријавив лично поради Жика (Јакшиќ н.з.) и многу ми е жал што тој не беше со нас вечерва. Му посакувам добро здравје“, кажа Кире.

Од гласовите на стручното жири, пак, победи Марко Јанковиќ. Тој не ја криеше возбудата и емотивно порача дека пехарот ѝ го посветува на ќерката Даница, која, како што кажа, е центар на неговиот свет.
-Секако, ѝ ја посветувам, како и целиот мој живот до последниот здив. Ќерка ми ме праша: „Тато, дали ќе ја земеш наградата“, а јас ѝ реков дека ќе ја земам, бидејќи знаев дека сите ќе добиеме статуа (смеа). Но, сега сум уште посреќен и погорд. Ќерка ми сакаше да го гледа мојот настап, но заспа. Дефинитивно сега одиме на море за да се почестиме-изјави тој.
Во искрена исповед, Марко откри дека тој и неговата сопруга поминале низ тежок и долг пат во борбата за потомство. По 15 години надеж, трпение и љубов, Даница пристигнала.

-Сопругата и јас долго време се боревме за потомство, 15 години и ја добивме Даница по таа борба. Таа полни шест години во ноември и ми рече пред да дојде тука: „Тато, кажи им дека имаш најдобра ќерка и сопруга.“ Можеби сум премногу мек кон неа затоа што доцна ја добивме, но треба да си ги сакаме децата-кажа тој за „Гранд“.

