Марио Јелиќ – Кун, едната половина од популарното музичко дуо „2Бона“, првпат отворено проговори за приватниот живот.
Тој беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров и искрено раскажа за најголемиот предизвик со кој се соочиле тој и неговата избраничка.
„Ми рече дека не може да остане трудна, дека е родена со синдром. Mojaта реакција беше дека тоа не е важно. Ќе останев со неа и да немав деца. Важно ми е да сум среќен со неа. Убаво ми е да седам дома со неа, да не бегам од дома“, раскажува младиот пејач.
Вели дека неговата партнерка Исидора му е се’ во животот.
„Благодарение на медицината, која е напредна, сега имаме успешни три ембриони кои чекаат само да се лансираат во сурогат мајка, која ќе ги износи девет месеци и ќе имаме наши деца со наши гени.
Во нејзината ситуација, ова е благослов, зашто нејзиниот синдром, кој инаку има повеќе форми, овозможува да може да има свои деца, има здрави јајца клетки што се спојуваат со семето на мажот и можеме да створиме ембриони“, раскажува Јелиќ.

