Скопјанецот Југо вчера го загубил животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата.
Излегол на улица, па смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел.
Неговите роднини за порталот „Скопје1“ сведочат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина.
На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.
„Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели неговиот пријател Дончо Наумовски.

