Во Југославија жените паѓаа во транс за него: Сега запеа во Битола, непрепознатлив е

Легендарниот хрватски пејач Ален Славица синоќа во Битола на концерт во живо ја отпеа песната „Битола, мој роден крај“.

Тој беше специјален гостин на шоуто на битолската група „Гром“ кое се одржа во античкиот локалитет Хераклеја.

Славица им се обрати на присутните и ги нарече прекрасна публика. Кажа дека чувствува мир во душата секогаш кога доаѓа овде.

фото КИЦ Битола

Роден е во Карловац 1964 година. Во својата кариера објави 14 албуми од кои произлегоа многу хитови. Претежно романтични рефрени, љубовни песни од кои најпознати се „Шарене очи“, „Испод твога јастука“, „Ти си моја сречна ѕвезда“, „Под крилима неба“ и онаа која веројатно ја знаат сите – „Дао сам ти душу“.

Докажаниот интерпретатор и музичар важеше за еден од најголемите фраери во поранешна Југославија по кој жените лудуваа. Поминаа децении од времето кога уживаше најголема популарност, но се’ уште изгледа супер.

Тоа може да се забележи по фотографииите кои ги објавува на неговиот профил на „Инстаграм“.

Во една прилика изјави дека младешкиот изглед го одржува со рекреативно спортување.

Секој слободен миг ужива со своето семејство.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Кире откри интересен момент по финалето: Одговорот ќе ве изненади

„Работам насекаде. Моментално, најмногу настапувам во ресторан во прекрасниот Дојран. Настапувам и во Скопје, Куманово… Но, го издвојувам Дојранското езеро“, вели Кире Науновски од Свети Николе кој победи на Фејсбук-гласањето во финалето на музичкото натпреварувачко шоу „Никогаш не е доцна“. Нашиот победник за „Гранд онлајн“ објасни и зошто ужива кога […]