Кире откри интересен момент по финалето: Одговорот ќе ве изненади

„Работам насекаде. Моментално, најмногу настапувам во ресторан во прекрасниот Дојран. Настапувам и во Скопје, Куманово… Но, го издвојувам Дојранското езеро“, вели Кире Науновски од Свети Николе кој победи на Фејсбук-гласањето во финалето на музичкото натпреварувачко шоу „Никогаш не е доцна“.

Нашиот победник за „Гранд онлајн“ објасни и зошто ужива кога времето го поминува покрај езеро.

„Голем љубител сум на риба, сакам да ја јадам, ама и да ја ловам. Она што најмалку го јадеме е рибата, а таа е најдобра“, порачува Кире.

„Мојата сопруга ја подготвува, но не ја јаде. Тој дел ни го остава мене и на помладиот син. Ниту мојот постар син, ниту мојата сопруга не сакаат да јадат риба“, открива Науновски.

Тој раскажа и какви планови има сега по победата.

„Понеделник, вторник и среда се моите слободни денови. Така ми е целиот мој живот. Потоа уживам цел ден, најчесто сум дома со децата. Мислам дека времето поминато така е непроценливо. Всушност, обично имам половина од неделата слободна. Работам во петок, сабота и недела, остатокот од времето сум дома. И тоа е одлично и прекрасно. Имам колку што сакам слободно време“, вели Кире.

Следни Објави

Можно ли е? Се огласи Ѓорѓе Давид пред финалето, вмешан е нашиот Никола

Ѓорѓе Давид се огласи пред вечерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“. Познатиот музичар и член на жирито кажа кој, според него, е вистинскиот фаворит за победа. „За мене, прв фаворит е Никола Станишиќ. Тој е единствениот од Македонија“, изјави Ѓорѓе порачувајќи дека младиот Македонец ги има сите предиспозиции за триумф. […]