Им се поклони на жртвите во Кочани: Кое е момчето кое нè направи горди оваа ноќ

Никола Станишиќ, Македонецот кој по пет години одлучи да се врати во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и повторно да се натпреварува, овојпат успеа да победи.

Како награда ќе добие продукциски договор, но дома си заминува и со автомобил.

Единствениот македонски претставник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ вечерва имаше настап за паметење.

Со емотивна изведба на големиот хит на „ДНК“ ги освои срцата на целиот регион.

Никола им оддаде почит на жртвите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Триумф му прогнозираше и рокерот Ѓорѓе Давид.

„За мене, прв фаворит е Никола Станишиќ. Тој е единствениот од Македонија“, изјави Ѓорѓе денеска пред финалето.

Станишиќ е роден на 18 февруари 2000-та во Скопје.

Публиката го запозна уште во 2016 година кога се натпреваруваше во шоуто „Пинкови ѕвезди“ каде стигана до полуфиналето.

*Забрането копирање

Следни Објави

Тежок пат до врвот! Татко му на Никола го знаете сите, еве зошто немаат исто презиме

Интересна животна приказна има македонскиот пејач Никола Станишиќ кој победи во „Ѕвездите на Гранд“. Неговото семејство всушност се бегалци од Косово и Метохија од каде што морале да се преселат во Скопје, пишуваат српските медиуми. Препознатливата насмевка на Станишиќ ја гледавме и во „Никогаш не е доцна“ каде неколкупати се […]