На 03.07.2025 во 20.52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во приватна здравствена установа во село Кадино, скопско, починала И.Т.(36) од населба Илинден, скопско. Од страна на лекар констатирана била смрт, без видливи траги на насилство.
Ова е објавено во полицискиот билтен. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
Станува збор за наставничка во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден. Се огласија и нејзините колеги.
„Почитувани колеги, родители и ученици со длабока тага и жал во душата Ве информираме дека нашата млада, почитувана и сакана пред се личност, колешка и наставничка Ивана Тушевска вчера почина ненадејно. Изразуваме длабоко и искрено сочувство до семејството, родителите, роднините и сите кои ја познаваа, соработуваа и почитуваа Ивана. Вечна слава драга наша колешка. Остави белег вечно да те паметиме. Мирно небо. Почивај во мир“, пишува во објавата.

