Тежок пат до врвот! Татко му на Никола го знаете сите, еве зошто немаат исто презиме

Интересна животна приказна има македонскиот пејач Никола Станишиќ кој победи во „Ѕвездите на Гранд“.

Неговото семејство всушност се бегалци од Косово и Метохија од каде што морале да се преселат во Скопје, пишуваат српските медиуми.

Препознатливата насмевка на Станишиќ ја гледавме и во „Никогаш не е доцна“ каде неколкупати се појави. Причината за ова беше неговиот татко Срѓан Здравковиќ кој се натпреваруваше во ова шоу.

„Тој прв се пријави, јас дури и не знаев. Потоа се појавив на аудициите и јас, а кога реков дека одам на снимање, ми кажа дека и тој оди, и тогаш дознав каде воопшто ќе учествува“, откри Никола во една пригода.

Тој ја делеше сцената со својот татко во втората рунда од ова шоу, кога натпреварувачите во ревијалниот дел пеат со член на нивното семејство, па кога се појавија заедно на сцена настана вистинска конфузија поради нивните различни презимиња.

„Моето презиме е Станишиќ и беше негово сè додека не се пресели во Германија. Кога отиде таму, сакаше српски документи бидејќи е Србин. Од пред една недела, и јас сум официјално Србин, зедов државјанство, но не го сменив презимето. Станишиќ сè уште стои и ќе стои засекогаш. Значи, тато е виновен за таа мистерија“, објасни Никола за „Гранд“.

Малкумина всушност знаат дека Никола е по потекло од Србија и случајно е роден и израснат во Македонија, откако неговите родители биле принудени да го напуштат родното Гњилане во Косово и Метохија. Во 1999 година, неговиот татко Срѓан немал поим дека за време на агресијата на НАТО ќе мора да ја продаде куќата на Албанци и да ги однесе сопругата и трите ќерки на безбедно. Потоа нашле засолниште во Македонија, каде што е роден Никола. Неговиот татко Срѓан подоцна заминал на печалба, пишуваат српските медиуми.

„Со години работев во Швајцарија, Турција, а сега живеам и работам во Германија, додека моето семејство е во Македонија. Можам само да му се заблагодарам на Бога за талентот за пеење што ми го даде, бидејќи благодарение на него можев да го прехранам семејството“, изјави Срѓан претходно во интервју за „Гранд“.

*Забрането копирање

Следни Објави

Колегите се простуваат: Почина познатата македонска новинарка

Тажна вест На 62-годишна возраст почина новинарката Валентина Базерко. Кариерата ја почна во „Млад борец”, а потоа работеше во Македонското радио. „Беше борец за правда и професионализам, дописник од Тајван, известуваше од значајни меѓународни конференции. Базерко беше партизанска внука и ќерка која и покрај животните удари го сакаше новинарството и […]