Пепита Танеска беше најпознатата македонска водителка, а повозрасните ја паметат како најубавата лото-девојка. Освен како ТВ-лице, луѓето ја препознаваа и како пејачка, иако сними неколку песни и преку ноќ се повлече од естрадата.
Според последните информации за неа на интернет, таа во 2003 година се пресели во Словенија и денес е специјалист-гинеколог, вработена во клинички центар во Љубљана.
Активна е на социјалните мрежи, повремено споделува фотографии и мора да признаеме дека и во шестата деценија изгледа одлично.

Танеска во една прилика призна дека ужива во својата професија и во здравиот начин на исхрана со кој ја одржува линијата.

