Една позната поговорка меѓу жените гласи: „Те преболев, сега можам да ти бидам и кума“. А, токму тоа се случи и во нашето соседство.
Имено, Маријана Пуриќ објави видео од венчавката на нејзиниот поранешен сопруг, откако одлучи да му биде кума. Многумина коментираат дека малку жени би се одлучиле за ваков чекор.
Маријана го изненадила дури и матичарката кој забележал дека нешто необично се случува. Додека таа, нејзиниот поранешен сопруг и неговата сегашна сопруга се смееле, матичарот прашал за што се работи.
„Јас сум неговата поранешна сопруга, ова е наше дете, но останавме во добри односи“, вели Маријана потпишувајќи се во книгата за сведоци.
Маријана дополнително ја зачини ситуацијата за време на прославата во ресторанот со вадењето плик. Наместо пари, кои обично им се даваат на младенците, таа извади ливче на кое пишува: „Среќно кумашини, јас веќе дадов“.
Коментарите на социјалните мрежи се нижат: „Кога жена ќе те преболи, може да ти биде и кума на свадба“, „Па, легендарно, ова е тотален хит за мене. Поддршка за кумата“, „Кумата не е копче“, „Вака се гледам буквално за неколку години“, „Браво кумо, ти си легенда“, „Браво, какви цареви“, „Ретко која жена може да направи вакво нешто, секоја чест за тебе. “

