Страстен моторџија и хуманитарец: Кој беше Душко Чифлиганец?

Страстен љубител на мотори и автомобили, но и добитник на престижни признанија за брзински мотоциклизам. Вака го опишуваат оние што го познаваа 32-годишниот Душко Чифлиганец, извршен потпретседател во Адора Бизнис Груп и соосновач на Prime Capital by Adora, инаку син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец. 

Покрај неговите деловни успеси, Душко беше познат и по својата хуманитарна работа, поддржувајќи бројни мисии преку „Адора“ и соработувајќи со Фондацијата на Новак Ѓоковиќ во Србија.

Во едно од неговите интервјуа изјави дека Дубаи имал големо влијание врз неговиот личен и професионален раст. 

„Дипломирав економија и бизнис на Американскиот универзитет во Дубаи, а подоцна започнав успешен потфат во индустријата за органска храна и пијалоци. Ова искуство го обликуваше мојот претприемачки начин на размислување – предност што ја носам со себе денес“, кажа тој.

Малку се знае за неговиот приватен живот. Извесен период, во фокусот на медиумите беше неговата врска со Ева Заева, внуката на поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Чифлиганец загина во несреќа со мотор во Брно, Чешка.

Следни Објави

Засекогаш! Чифлиганец и Заева, историја на една љубов

И денеска топ-тема во медиумите е бизнисменот Душко Чифлиганец кој прерано го напушти овој свет. Чифлиганец почина како последица на повредите во мото-трка во Брно, Чешка. И покрај сите деловни успеси кои ги постигна релативно млад, пошироката јавност го запозна откако медиумите почнаа редовно да пишуваат за неговата врска со […]