Почина Петар Исиров Пјотр, познат македонски пејач и музичар.
Колеги од македонската естрада со емотивни објави се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Почивај во мир, Пјотр. Вечно ќе ти бидам благодарна што беше ‘виновникот’ да почнам со настапи. Беше непресушен извор на бројни приказни, прочитани книги и животни искуства. Навистина ми е жал“, напиша пејачката Елена Петреска.

„Пјотр Исиров – бунтовник , хипик , рокер , “Кокер” , Џокер , ноќна птица , и ловец и плен – во блузот на градот заглавен , тлее и живее за секоја секунда да пее , за сите другар – за себе си без никаков ќар.. Почивај во мир друже , светол ти патот кон небото.. Сочувство до Нина и Павел!“, напиша музичарот Петар Ренџов.

