Прерано замина! Колегите и пријателите се простуваат од Јулијана Тануровска

На 60-годишна возраст почина Јулијана Тануровска, долгогодишната новинарка и одговорен уредник на сателитскиот сервис на МТВ1.

На социјалните мрежи од неа се простуваат колеги и пријатели со емотивни зборови за она што го остави зад себе како човек и професионалец.

Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на националниот сервис, како репортер и како уредник во информативната програма и на сателитскиот сервис.

Особено беше позната по темелната и прецизна обработка на теми од областите на образованието и црквата.

Погребот ќе се одржи утре (недела) на Градските гробишта во Бутел.

Следни Објави

Македонските политичари се дотераа: Саша рипна в тавче, невестата преубава

Се ожени Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ. Димитријевиќ стапи во брак со својата избраничка Александра на свечена церемонија во еден скопски ресторан. „Од сега па натаму… двајца против светот“, напиша генсекот на најголемата опозициска партија под фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи. На веселбата присуствуваа бројни политичари, меѓу […]