Наум Петрески на овие луѓе им посака вечен пекол: Спомнува и манастир, ќе се изненадите

Наум Петрески ја изненади јавноста со објава на социјалните мрежи.

Легендарниот македонски пејач без влакна на јазик им се обрати на оние што наводно го прозвале дека плаче и кука за својата финансиска состојба.

„Сега да ви појаснам на сите душебрижници зошто реагирав за време на ковидот за да не пишите дека јас сум се жалел и сум немал пари. Мојот револт не беше од финансиски причини, туку заради начинот на распределба на средствата субвенции од владата на СДСМ кои оделе во погрешни раце кај нивни членови, музичари па музиканти од 6-то ниво кои никогаш не направиле нешто во музиката или за државата, па дури и кај келнери кои подучени од некого се зачленувале во естрадата и земале сериозни пари. Кога напишав за тоа се најдоа во небрано тогашиот претседател на естрадата и видоа дека можат да имаат сериозни последици од нивното распределување анахриско како и тогашната влада, ми пратија на сметка 40.000 денари кои ги донрав во манастирот Св. Пречиста во Кичево во вид на детергенти кои им беа потребни во тоа време таму.

И многу ми е драго што злобниците од овој народ си го покажаа лицето па ми ги отворија очите повеќе да не помагам секому и никаде. Поздрав до добрите луѓе, за злобните им посакувам вечен пекол“, напиша тој.

Следни Објави

Македонија во шок: Виктор Исјановски почина на летување во Грција

Виктор Исјановски, поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, трагично починал додека престојувал на летување во Грција, јавуваат македонските портали. Тој ја раководеше најголемата здравствена институција во Македонија од јуни 2019 година до промената на власта во 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата посветеност и ангажман […]