Македонската пејачка го покажа мажот кој ѝ значи
Анета Љумаковска, поранешната пејачка на познатата македонска група „Молика“, неодамна промовираше комплетно нов имиџ во јавноста.
Трансформацијата ги изненади фановите. Љумаковска се одлучи за пократка тренди фризура, но многумина ги коментираа нејзините усни кои изгледаат „поволуменозно“, како што забележа еден нејзин обожавател.

По разводот со Џими, Анета не споделува моменти од приватноста. Барем не досега.
Пејачката на „Инстаграм“ објави фотографија со која пријатно ги изненади фановите.

Станува збор за музичарот Рубин Размо, поранешен член на „Молика“, колега и на нејзиниот поранешен сопруг.
Убави и двајцата. Се чини дека Анета е повторно среќна.

