Драгица Стевковска конечно одлучи да проговори за својата здравствена состојба.
Популарната Дракче од малите екрани реши да престане со молчење и да раскаже што се случило.
„Еве се чувствувам среќна што можам повторно да застанам на нозе, да комуницирам со, прво моето семејство, а потоа и со сите други. Да, имаше многу шпекулации. За жал, во некои се најдов и во една непријатна ситуација, гледајќи ме по болничките ходници, но се случи хаварија на коскениот систем кај мене, што за жал е една болест која што бара подолго лекување. Што значи јас не сум тотално излечена, следуваат уште една, две, можеби три или четири оперативни зафати кои што ќе следуваат. Но јас храбро стојам на нозе.

Не паднав во очај, што за мене е голема радост. Пак ќе речам ја имав поддршката од семејството, поддршката од мојот народ, енергијата од Бога и еве ме повторно здрава права, да речам пред оние искушенија кои што ме чекаат и во иднина“, кажа Дракче.
Таа со нетрпение очекува да се врати на снимање.

