Денес е голем ден: Направете го ова за Вера, Надеж и Љубов

На 30 септември се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. 

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.  

Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните. 

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба. 

Следни Објави

И Владо Јаневски ги спакува куферите: Пејачот замина в туѓина

Владо Јаневски е на голема турнеја. Македонскиот кантавтор замина за Австралија. Ќе пее во повеќе градови. Популарниот пејач веќе настапи пред нашинците во Сиднеј и во Перт, а следуваат и Волонгонг и Мелбурн. Организатори на концертите се Република Ентертенјмент и Мак Евентс. Јаневски веќе петта година живее во Гевгелија. Во […]