Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска беше повикана како прв сведок на судското рочиште за скандалот „Онкологија”.
Таа сега во интервју за „Фокус“ раскажува за голготата што ја поминала со својата ќерка, познатата академска сликарка Адријана Начевска која почина пред три години.
„И покрај нејзината влошена здравствена состојба, тој (Нино Васев н.з.) продолжи да ѝ ја дава терапијата. Стомакот почна да ѝ отекува. Јас почнав да прашувам што се случува? Ништо, ќе ѝ се наполнел стомакот вода, а тој ми вика ќе ѝ ја испразнеле. Просто експлодира. Доаѓаме на дежурства бидејќи не можеше да издржи кога ќе и се наполнеше стомакот со вода. Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија.
Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија. И кога ние исцрпени ќе не вратеа кај доктор Нино, одговорот беше – кои се тие да кажуваат како и што треба?“, тврди Мациевска за „Фокус“.

