Во центарот на Белград, во стан на Косовска улица, животот трагично го загуби младиот македонски манекен Мартин Сипковски (21).
Според првичните информации, Сипковски настрадал откако несреќно активирал експлозив „пентрит“, кој, како што се сомнева, бил подготвуван за ликвидација на маж поврзан со криминални и навивачки кругови, пренесува Телевизија Стар.
Истражувањето го води Високото јавно обвинителство во Белград, а засега е познато дека експлозивот му бил предаден ден порано од Филип В. (26), кој е веќе сослушан.
Мартин, кој немал криминално досие, бил познат како успешен манекен и поранешен ракометар на Вардар. Тој е првиот Македонец што потпишал договор со престижната модна агенција „Daman“ од Истанбул, каде се подготвувал за меѓународна кариера.

Познаниците велат дека бил амбициозен, насмеан и целосно фокусиран на модата – затоа сите се во шок како се нашол во близина на експлозивната направа што го одзеде неговиот млад живот.
Истрагата е во тек и ќе ги открие сите околности околу трагичниот настан.

