Шокантни сознанија за загинатиот македонски манекен: Еве што кажала неговата мајка

Поранешниот македонски ракометар и актуелен модел и манекен Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство.

На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ.

„Како негов бранител известен сум од неговата мајка дека пред неколку дена Мартин под неразјаснети околности не е достапен но немам официјална потврда за неговото учество во настанот. Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка, во кои постапки сум негов бранител, и досега  против него не е изречена правосилна  пресуда“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.

Истрагата е во тек.

Следни Објави

Капитенот на македонската репрезентација стана татко, ќерката доби уникатно име

Енис Барди доби најубава вест во пресрет на квалификацискиот дуел со Белгија Капитенот на македонската фудбалска репрезентација стана татко. Барди и сопругата Фестина добија ќерка која ќе се вика Аја. Фотографија од новороденчето сподели неговиот клуб Коњаспор на своите официјални профили на социјалните мрежи. Честитки!