Поранешниот македонски ракометар и репрезентативец кој моментално ја извршува фукнцијата министер за спорт од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е гостин во новата епизода од телевизискиот магазин „Животна приказна“.
Со кнедло во грло, Борко Ристовски раскажа за неговата најголема болка во животот.
„Најголема препрека животна ми е губењето на мојот родител, на мојот татко којшто загина во сообраќајна несреќа на мои 19 години“, раскажува тој.

