„Засекогаш ќе те обожавам“: Македонската пејачка неутешна по смртта на Дејан

Не стивнуваат реакциите по прераната смрт на гитаристот Дејан Божиновски.

По Филип Јордановски и младата пејачка Ана Петановска со трогателни зборови се прости од него.

„Деко – дефиниција за најдобар другар и вистинска несебична љубов, најчистата душа. Се лутам многу што немаме повеќе време на земјава да те зезам и да те замарам да свириме блуз (знам дека сакаше и ти!).

Ќе имаме шанса да се видиме пак, верувам, и ќе се пресметаме кој повеќе пиво ќе испие.. Засекогаш ќе те обожавам, спомените не заминуваат, а ти исшармирај ги горе како што правеше и тука Нека ти е светол патот другарче драго. Свети најсилно“, напиша таа на социјалните мрежи.

Следни Објави

Наум Петрески распали по македонските колеги: Фановите велат дека е во право

Бисерното грло на домашната фолк-сцена со остра критика Наум Петрески неодамна предизвика огромно внимание со објава на социјалните мрежи. Легендарниот македонски пејач без влакна на јазик овојпат им се обрати на своите македонски колеги. „Значи тотално ги уништивте сите стари хитови од ’85 та наваму, ама им влеговте и на […]