Драгица Стевковска објави слика од болница.
„Небото ме поздрави денес со срциња и ангелски крилја“, напиша популарната Дракче од малите екрани.
Под фотографијата искоментира нејзината ќерка.
„Со лесно мајко моја. Ќе помине и ова. Те сакам!“, напиша Ане во коментари.
Таа подоцна објави уште еден пост во кој откри детали за здравјето на мајка си.
„Мама е добро. Фала ти Господе! Ви Благодарам на сите за грижата и упатените молитви“, напиша на социјалните мрежи.

Дракче пред две недели првпат проговори за нејзиното здравје. Во таа прилика кажа дека не е комплетно излекувана, но дека храбро стои на нозе. Деталите ги имате на Мастило.мк


