„Се борам со ужасни болки“: Дракче покажа како изгледа по операцијата

Драгица Стевковска објави нова фотографија од болница.

Популарната Дракче покажа како изгледа по последната операција.

Една работа ја згрози јавноста, а таа одлучи отворено да проговори за истата.

-Што да одговорам на недоличниот коментар? „Колку ви плаќаат за да глумите дека сте болна“.. испратено од фб профил ЗЕЛЕН ГРАД. Се прашувам дали личноста има човечко во себе.. Јас се борам со ужасни болки излезена од операциона сала.. Жално ,мизерно,безчуствително.. Бог нека е со мене и добрите луге кои имаат душа како мојата-другите нека ги отстрани од мене.. Треба да ставиме стоп на коментари кои комплетно нарушуваат и здравје и надеж-напиша Стевковска на „Фејсбук“.

Пред две недели таа првпат проговори за нејзиното здравје. Во интервју за утринската на Канал 5 кажа дека не е комплетно излекувана, но дека храбро стои на нозе. Деталите ги имате на Мастило.мк

Следни Објави

Светот тагува! Почина Дајан Китон

Дајан Китон почина на 79-годишна возраст. Магазинот „Пипл“ потврди дека легендарната актерка починала во Калифорнија. Повеќе детали засега не се достапни, а нејзините најблиски побарале приватност, според изјава од семејниот портпарол. Китон се прослави во 1970-тите години благодарение на нејзината улога во филмовите „Кум“ и нејзините соработки со режисерот Вуди […]