Светот тагува! Почина Дајан Китон

Дајан Китон почина на 79-годишна возраст.

Магазинот „Пипл“ потврди дека легендарната актерка починала во Калифорнија.

Повеќе детали засега не се достапни, а нејзините најблиски побарале приватност, според изјава од семејниот портпарол.

Китон се прослави во 1970-тите години благодарение на нејзината улога во филмовите „Кум“ и нејзините соработки со режисерот Вуди Ален. Освои Оскар за најдобра актерка за филмот Ени Хол од 1977 година. Нејзината долга кариера вклучуваше филмови како The First Wives Club, повеќе соработки со режисерката Ненси Маерс, како и филмската франшиза Book Club.

Актерката е родена во Лос Анџелес во 1946 година под името Дајан Хол и беше најстара од четири деца. Нејзиниот татко бил градежен инженер, додека мајка ѝ била домаќинка.

Следни Објави

Македонија тагува! Почина Темелковски

Почина Илија Темелковски, поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија. Сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. „Ракометната и спортската јавност денес изгубија вреден спортски работник“, пишува во објавата на Ракометната Федерација на Македонија. Оттаму упатуваат искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски.