Искра се одјави од ТВ Алфа: Еве каде заминува

Со емотивна порака, Искра Канзурова се одјави од контактните емисии на Алфа телевизија.

По долги години поминати во овој медиум како едно од најпрепознатливите лица на утринската и дневната програма, водителката одлучи да затвори едно поглавје и да започне сосема ново.

„Се гледаме наскоро, но во нешто сосема поинакво,“ порача Искра.

Водителката сега повторно се огласи и дообјасни дека не е во прашање никаква кавга, недоразбирање или нешто слично, туку едноставно се презаситила од работата.

„Почнав да си станувам здодевна самата на себе и сфатив дека тоа не треба да им го пренесам на гледачите со кои со години извонредно се дружевме. Предолго бев дел од утринската програма, почна да ми пречи и станувањето ‘во црни зори’, така што сфатив дека е време за промени. Не заминувам во ниту една друга ТВ куќа, а во ТВ Алфа мислам дека можам во секое време да се вратам. Одам во еден поинаков сектор, кој има допирни точки со телевизијата, но во маркетинг сегментот“, открива таа за порталот „Вистина“.

Следни Објави

Почина Панчо од ДНК, колегите се простуваат

Почина Владимир Блажев – Панчо, фронтменот на дуото „ДНК“, информира „Убавина и здравје“. „По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше“, јавува истиот портал. Скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди, популaрниот музичар, […]