Ана го преживеа пожарот во Кочани: Боли нејзината посвета за Панчо

Придружната вокалистка Ана Костадиновска и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените членови на ДНК кои се спасија кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ќерката на легендарниот македонски музичар и автор Кире Костов, која во меѓувреме собра сила и почна повторно да настапува, е неутешна по смртта на Панчо.

„Ме скрши, Пане мој. Ќе те сакам засекогаш“, напиша таа на социјалните мрежи и сподели неколку нивни заеднички фотографии.

Следни Објави

Магиски мисли или судбина: Панчо и вистината за „Ако утре ме нема“

„Ако утре ме нема, еј.. Немој да ме жалите.. Викни ги другарите, стари песни свирете и нека свират трубите..“.. Дуото „ДНК“ остави многу песни, речиси сите хитови, но овој рефрен почна сериозно да одѕвонува во нашите глави, особено по трагедијата во Кочани, кога прво животот го загуби Андреј, а потоа […]