Почина Панчо од ДНК, колегите се простуваат

Почина Владимир Блажев – Панчо, фронтменот на дуото „ДНК“, информира „Убавина и здравје“.

„По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше“, јавува истиот портал.

Скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди, популaрниот музичар, пејач и диџеј им подлегнал на повредите.

Позади себе остави два малолетни сина.

Од Панчо почнаа да се простуваат и неговите колеги на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, драг Панчо“, напиша Сузана Спасовска.

Следни Објави

Го сакаа како кум и брат: Две дами имаа посебно место во срцето на Панчо

Трогателни пораки денеска се споделуваат на социјалните мрежи по смртта на Владимир Блажев-Панчо, еден од членовите на дуото „ДНК“. Две познати дами имаа посебно место во неговото срце, а тие го нарекуваа кум и брат. Поп-ѕвездата Каролина Гочева се огласи на „Инстаграм“. „Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно […]