По смртта на Владимир Блажев-Панчо сега се огласија и од приватната болница кадешто се лекуваше.
„Почивај во мир, драг наш Панчо“, ја почнуваат оттаму нивната објава.
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме“, пишува во објавата.
Панчо е уште една жртва во кочанската трагедија. Од групата „ДНК“ која заедно со Андреј ја предводеа, преживеани се само два члена, придружната вокалистка Ана Костадиновска и младиот гитарист Горан Тонев.
Јавното обвинителство потврди дека ќе издаде наредба за обдукција на телото на Блажев.

