Нема утеха за сопругата на Владимир Блажев, популарниот Панчо од „ДНК“ кој денеска почина.
Таа вечерва повторно се огласи на социјалните мрежи, овојпат под објавата на приватната болница кадешто тој се лекуваше изминатиов период.
„Вие бевте тие кои ми дадовте седум месеци можност да се гушкам и зборам се’ што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша таа во коментари.

Маја и Панчо се венча во 2013 година. Плод на нивната љубов се синовите Андреја и Марјан.

„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја претходно на својот фејсбук-профил.

