Блиски колеги и пријатели на Владимир Блажев-Панчо се’ уште не можат да се помират дека веќе не е меѓу нас.
Меѓу нив е и поп-ѕвездата Елена Ристеска која вели дека ѝ бил близок како брат и дека си се доверувале дури и за најинтимни работи.
Таа сега окри и од што најмногу се плашел.
„Најголем страв му беше да ги остави децата без татко како што растеше тој“, вели Ристеска за „Слободен печат“.
Од срце се надевала дека ќе се избори, затоа што, како што раскажува, знаела колку бил борбен во животот.

„Цело време ѝ пишував на Маја, жена му, надевајќи се дека ќе ми каже дека е добар и дека се вратил дома. Но, не можам уште да поверувам дека не успеа овојпат да се избори“, вели таа.
Панчо позади себе остави два малолетни сина, Андреја (14) и Марјан (10).

