Граѓаните реагираат на социјалните мрежи откако Македонската радио-телевизија (МРТ) сношти не го емитуваше својот централен телевизиски дневник.
Не беа емитувани ниту други емисии кои беа најавени на програмата, а наместо тоа во вечерниот термин јавниот сервис емитуваше филм и емисија за кулинарство.
Од МТВ за „СДК.мк“ кусо изјавиле дека имаат технички проблем кој сѐ уште го решаваат и се надеваат оти наскоро програмската содржина ќе се врати според планот.
Во моментов, на МТВ се емитуваат вести само со тон, без слика.
Вакво нешто никогаш не се случило во модерната историја на националниот сервис.

