Тинејџерките лудуваа по овој македонски пејач: Сега откри дека ќе стане татко

Не победи на првиот македонски „Идол“, но публиката го засака во ова шоу кое пред една и пол деценија се емитуваше на тогашната А1 телевизија.

Музиката му остана прва љубов, но во меѓувреме заплива и во водителските води, а стана препознатлив и по комичните видеа што ги споделува на социјалните мрежи.

Виктор Апостоловскои пред три години му стави крај и на ергенскиот живот, а сега сподели уште една радосна вест.

Со сопругата Милена очекуваат принова.

„Доаѓа наскоро“, напиша идниот татко под серијата фотографии за кои веднаш доби стотици лајкови.

Следни Објави

Ја криеше, но една слика ги издаде: Оваа жена му роди син на Лозано

Влатко Лозаноски-Лозано пред неколку дена го прослави првиот роденден на синот Марко. Популарниот пејач објави серија фотографии на „Инстаграм“, но ниту на една од нив не е мајката на неговото дете. Порталот „Еспресо“ пишува дека една слика од истиот настан конечно ја „издаде“ неговата долго чувана тајна. Станува збор за […]