Ја отпеа „Пијан и млад“, па преку ноќ се повлече: Живееше и во САД, еве денес како изгледа

Сашо Спасовски, македонскиот поп-пејач кој ги отпеа хитовите „Не ги гаси свеќите“ и „Пијан и млад“, по долги години неочекувано се појави на јавен настан, на јубилејното издание на „Макфест“ во Штип.

Спасовски сè уште се занимава со музика, работи како професор по пијано.

„Долго време не живеев во Македонија, бев прво во Австралија, потоа во САД во Калифорнија, па живеев во Шпанија, сега живеам во Скопје, во мојата стара куќа во населбата Влае. Самиот решив да се повлечам од пеењето, затоа што почна да ми пречи популарноста. Бев многу млад и ми беше голем притисок и товар и се решив за помирен живот“, открива Спасовски за „Смарт СДК“.

Спасовски некогаш

Спасовски денес/Фото: Смарт СДК

Следни Објави

Сите молчат за ова, но Тијана проговори: Нема веќе шушкање и шепотење

Тијана Дапчевиќ работи со полна пареа и подготвува неколку нови проекти. Македонската пејачка и актерка со српска адреса на живеење повторно е дел од жирито од шоуто „Никогаш не е доцна“, а најавува и нова песна со спот. = Во интервју за Гранд таа зборува за новите работни потфати, детали […]