Неверување по прераната смрт на Зоран Петковски: Почивај во мир, голем човеку

Тажна вест

„Со голема тага ја примивме вест за прераната смрт на Зоран Петковски (47), битолската кошаркарска легенда и човекот кој во животот направи многу за КК Пелистер“, соопштија денеска од клубот.

-Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш….

Очекувано, кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“-пишува во објавата на КК Пелистер Битола.

Следни Објави

По разделбата со сопругата, Јован Јованов првпат проговори за новата девојка

Јован Јованов гостуваше во новата епизода на ТВ-магазинот „Животна приказна“. Познатиот македонски пејач, автор и продуцент си ја отвори душата на повеќе теми. Откри дека со сопругата Николина, со која ја имаат 13-годишната ќерка Малеа, не се заедно од 2018-та година, а сега конечно проговори и за новата љубов. Кажа […]