Тијана Дапчевиќ работи со полна пареа и подготвува неколку нови проекти.
Македонската пејачка и актерка со српска адреса на живеење повторно е дел од жирито од шоуто „Никогаш не е доцна“, а најавува и нова песна со спот. =
Во интервју за Гранд таа зборува за новите работни потфати, детали од приватниот живот, но и за една важна тема за која ретко се зборува во јавноста.
На трети ноември се случи нејзината нова претстава, односно праизведба на текстот „Менопауза“ што го напиша Данило Вукотиќ, а ја режира Раде Вукотиќ, кој има богато искуство во театарот.

Во истото интервју таа зборува за својата нова улога, која, како што вели, без сомнение ќе им се допадне на сите.
„Го играм ликот на Марина и сакам да кажам дека Данило ми е космички брат. Работиме во форма на стенд-ап, урнебесен проблем на личниот проблем на Марина, која е во подоцнежна менопауза. Баш е смешно! Пробите се напорни и интензивни, но и радосни, затоа што зборуваме за тема за која никој не зборува, за која се шепоти, за која се шушка меѓу рафтовите во аптека. Нешто што ѝ се случува на секоја жена во тие години. Ја подигнуваме свеста дека тоа постои и дека тоа не е крај, туку ресет. Значи, не си умрела ако си влегла во менопауза“, вели таа.

