Утре е Света Петка: Се верува дека една работа на овој ден светителката никако не ја простува

На 27 октомври православните верници ја празнуваат Преподобна Параскева-Петковден, или кај народот позната како света Петка. Ова светица била заститничка на сиромашните и болните.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Следни Објави

Татко на три деца почина од сок што сите го пиеме: „Беше модар, не знаев што се случува“

Касондра Рејнолдс од Калифорнија пред 14 години го изгубила сопругот со кого била во брак една деценија и со кого има три деца. Тој почина ненадејно од срцев удар на 41-годишна возраст. Џон Рејнолдс работел ноќни смени и често пиел енергетски пијалоци за да остане буден и да може да […]