По кратко боледување почина Коста Јаневски

По кратко боледување, на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5.

Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор од 1994 година.

Јаневски работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.

Пред основањето на Антена 5, беше дел од програмата Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија. Дипломира на Електротехничкиот факултет. Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”.

Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други.

Беше член на Друштвото на филмски работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија.

Извор: Антена 5

Следни Објави

Се сеќавате ли на Питер Џон Босе? Ќе се изненадите каде и од што живее денес

Сите се сеќаваме на „Самба во Штип“, разиграниот поп-рефрен што подоцна стана евергрин. После долго време, песната неодамна повторно ја слушнавме во живо на јубилејното издание на „Макфест“, а специјално за оваа прилика во Македонија допатува нејзиниот изведувач Питер Џон Босе кој сега живее во друга земја. Џон Босе кој […]