Дојде во Скопје и проговори на болна тема: Откри и кои апчиња ги пиела

Рада Манојловиќ неодамна гостуваше во подкастот на Боки 13.

Популарната пејачка отворено проговори на една болна тема.

Кога Јовановски ја праша како е таа со анксиозноста, му одговори: „Многу лошо“.

„Дозволив тоа да ме зароби, да ме понесе, да ме земе во своја темнина“.

Немала панични напади, но не можела да спие и тоа траело 4-5 месеци.

Откри и кои апчиња ги земала.

„Пиев тритико, тоа е антидепресив и бромазепам. А, едно време пиев и ксанакс“, искрена е Рада.

Инаку, животот воопшто не ѝ бил лесен на Манојловиќ. Била многу млада кога мајка ѝ починала од рак, па таа била принудена да го издржува семејството заработувајќи од пеење уште од мали нозе.

Во шоуто на Јовановски откри и дека во борбата со анксиозноста најголемата поддрша ја добила од сестра си.

Следни Објави

Конечно ја покажа, и таа е пејачка: Јован Јованов ја љуби оваа позната Македонка

Јован Јованов конечно објави фотографија на социјалните мрежи со новата девојка. И таа е пејачка, а има и свој бенд со кој често настапува по македонските локали. Нејзиното име е Тијана Димова. Двојката е во врска веќе подолго време. Засега љубовта им функционира на далечина, Јован живее во Канада, а […]