На Гавазова само фустанот ѝ е 5.500 евра: Кога ќе слушнете колку пари ѝ се чизмите..

Сузана Гавазова синоќа му беше прва гостинка на Марио Арангеловски во подкастот „Естраден лексикон“.

Познатата фолкерка беше прашана колку чини нејзиниот аутфит, а со одговорот не само што го изненади водителот, туку и оние што ја следат на социјалните мрежи.

Гавазова изјави дека гордо носи креација на македонската дизајнерка и претприемачка Елена Лука која, како што откри, чини 5.500 евра.

Се пофали дека 5.000 евра чинат и чизмите на Филип Плеин кои ги купила со сопругот на шопинг во Милано.

Очигледно најскапото парче го имаше на раката, часовник ролекс, кој само кажа дека ѝ е подарок од сопругот.

„Не знам колку чини, треба тој да каже“, изјави пејачката.

Следни Објави

Дојде во Скопје и проговори на болна тема: Откри и кои апчиња ги пиела

Рада Манојловиќ неодамна гостуваше во подкастот на Боки 13. Популарната пејачка отворено проговори на една болна тема. Кога Јовановски ја праша како е таа со анксиозноста, му одговори: „Многу лошо“. „Дозволив тоа да ме зароби, да ме понесе, да ме земе во своја темнина“. Немала панични напади, но не можела […]