Кристијан Ландов конечно проговори за тешките услови со кои се соочувал уште од мали нози.
Познатиот македонски новинар првпат отворено призна дека бил мета на врсничко насилство и дека едвај врзувал крај со крај.
Тој сподели и интерсна фотографија под која напиша:
„Зад оваа насловна стои дете што немаше ни 40 денари да си го купи списанието во кое се појави. Дете што немаше облека за фотографирање, ни ручек за во училиште. Булинг, сиромаштија, тишина. Ама и инает. Сѐ почна од оваа насловна. И од едно дете што не се предаде. Горчина до денес и грутка тешка… Тешка повеќе од тон.. Ова можеби беа најтешките реченици, напишани во овие 15 години. Верувајте во себе. И учете ги вашите деца да веруваат во себе“.


