Утре е Свети Лука, ова никако не смеете да го направите

На 31 октомври православната црква слави празник посветен на Светиот апостол Лука. Светиот апостол и евангелист според верувањата е заштитник на лекарската професија, но и домашна слава на многу православни семејства.

Роден е во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус.

Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција..

Околу 60-тата година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се „Дела апостолски“.

Доживеал длабока старост, но не се откажал од проповедите на Христовото учење.

Бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. На овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук. 

На овој ден не би требло да бидете нервозни, никако да не се впуштате во расправии, оти Свет Лука бил благ и мирен и секогаш им помагал на луѓето.

Следни Објави

Речиси непозната во Македонија: Којa е Иман Тотич што ќе нѐ претставува на Мис Универзум

Иман Тотич годинава ќе ја претставува Македонија на еден од најпрестижните светски избори за убавина – Мис Универзум 2025 што ќе се одржи во ноември во Тајланд. Таа е речиси непозната за македонската јавност, но гради успешна интернационална кариера во Лондон. „Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на […]