Сузана Гавазова гостуваше во новиот подкаст „Естраден лексикон“.
Со домаќинот Марио Арангеловски зборуваше отворено на многу теми, а водителот очекувано ја „чепна“ и за естетските корекции.
Гавазова призна дека ги зголемила градите, но дека планира да ги извади силиконите.
Пејачката кажа дека ги оперирала градите во интерес на работата, поради естетика.
„Ги доев и двете ќеркички и веднаш потоа отидов под нож. Сега, пак, ме боли малку грбот. Мислам во иднина да ги извадам силиконите и да си бидам природна“, рече Гавазова.
Во истиот подкаст таа се пофали дека во студиото дошла со чизми од 5.000 евра, а за луксузниот шопинг во Милано можете да прочитате на Мастило.мк


