Го купил станот, ја запросил саканата, а потоа изгубил сè: Исповед на македонскиот пејач

Јоце Панов, кој потекнува од Штип, во емисијата „Животна приказна“ на МТВ, искрено проговори за најтешкиот момент во својот живот.

Пејачот раскажа за загубата на својата мајка која му била најголемата поддршка.

„Цел живот живеев под кирија во Скопје. Како да чекаше да купам свој стан.. само што го направив тоа. Потоа чекаше да ја запросам девојка ми, сега веќе сопруга, и само што се случи тоа..“, раскажува Панов со насолзени очи.

„Имаше проблеми со шеќерот, од сите тие стресови, сосема разбирливо. Ја однесов во Штип, таму и остана. Често доаѓаше кај мене во Скопје, по две-три недели знаеше да остане. А потоа.. ми се јави брат ми..“, открива пејачот во најавата за емисијата.

Следни Објави

Прва исповед на мајката на Андреј од ДНК: Топла, емотивна и трогателна приказна

Топла, емотивна и трогателна приказна.. За љубовта што не згаснува, за музиката што останува, и за силата на една мајка која го носи своето дете во секој здив. Со овие зборови колегите од „Слободен печат“ го најавуваат интервјуто со Анастасија Ѓорѓиеска, мајката на Андреј од „ДНК“. Таа првпат зборува за […]